Завршија првите полувремиња од четирите попладневни мечеви од 14.коло во ПМФЛ.
Под Шара, на мечот Шкендија – А. Пандев водство имаат тетовци со голот на Дориев во 9.минута. Тоа беше опасна контра на тетовци која ја повлече Дориев, следува асистенција за Шаља, но негвиот удар беше одбиен од гостинскиот голман, натрча Дориев и постигна гол за 1:0. Седми гол за Дориев сезонава.
На ФФМ убава игра со шанси на двете страни, но Работнички и Струга ТЛ граат 0:0. Домашните преку Рушевиќ имаа зицерм додека Шабани кај гостите во 42.минута од идеална ситуација ја погоди стативата.
Брегалница со голот на Ѓокиќ уште во 4.минута има водство против Тиквеш, додека во Прилеп на мечот меѓу Победа и Македонија ЃП резултатот е 1:1.
Абази стрелаше за водство на „лавовите“ во 28.минута, но потоа неколку минути подоцна Ѓурковиќ со гол со глава постигна убв гол за 1:1.