Работнички, едвај, по голема драма дојде до прва победа (ФОТО)

305

На Работнички му беа потребни пет кола за да дојде до првата победа во новата сезона во Прва лига. Најтрофејниот кошаркарски колектив по голема драма го совлада ТФТ со 83-82.

Избраниците на Димитар Мираковски можеа полесно да ја решат оваа средба, но пред крајот на третата четвртина и почетокот на последната четвртина ги покажаа своите слабости, противникот брзо ја стопи негативата од девет поени и дојде во егал завршница.

Грешеше ТФТ, но грешеше и Работнички, на голема среќа актуелниот освојувач на Купот на Македонија не ги искористи шансите за победа. Џенсон со 34 поени беше вистински лидер кај најтрофејниот кошаркарски колектив, зад него со по 12 поени беа Бакоч и Форте. На другата страна Андерсон и Мекбраер запишаа по 15 поени.

ПретходноСосиедад со домашен бод против Валенсија
СледноСалах го покори Тотенхем (ВИДЕО)