Тензија во Рим: Градските ривали на мегдан во Серија А

89

Вечерва со почеток од 18:00 часот на „Олимпико“ ќе се одигра римското дерби помеѓу градските ривали Рома и Лацио. „Волчицата“ влегува во дуелот по онаа победа над Лудогорец со измачувачки меч на кој домашните мораа добро да се испотат и да бркаат пресврт за да останат во ЛЕ, додека Лацио немаше среќа и во луда завршница испадна од групата на ЛЕ и се пресели во Лига на конференции.

Жозе Мурињо има сериозни проблеми во составување на тимот затоа што ги нема на помош Пауло Дибала, Ебрима Дарбо, Леонардо Спинацола и Џиџи Вајналдум поради повреди. Но и Лацио ќе биде без двајца клучни фудбалери: Чиро Имобиле поради повреда и Сергеј Милинковиќ Савиќ поради суспензија.

Минатата сезона Лацио го доби првото дерби со 3:2, а на второто Рома возврати со убедливи 3:0.

МОЖНИ СОСТАВИ
РОМА (3-4-2-1): Патрисио – Мансини, Смолинг, Ибањез – Карсдорп, Кристанте, Камара, Залевски – Пелегрини, Заниоло – Абрахам

ЛАЦИО (4-3-3): Проведел – Лацари, Касале, Ромањоли, Марушиќ – Весино, Каталди, Луис Алберто – Педро, Фелипе Андерсон, Закањи

ПретходноХаланд погоди во 95. минута за победа, а Гвардиола „полуде“ крај голот
СледноПодолски постигна гол со шут од својата половина (видео)