Четири победи во низа: Јуве го доби дербито со Интер (ВИДЕО)

180

По четири меѓусебни пресметки без победа, Јувентус, конечно, успеа да го совлада Интер во големото дерби на 13. коло на италијанската Серија А. Вечерва во Торино, „Старата Дама“ потсети на своите најдобри денови и успеа да извојува една огромна победа во дуелот со директниот конкурент за највисок пласман.

Откако Интер не искористи неколку зрели шанси уште во првото полувреме, Јувентус со голот на Раби во 52. минута да дојде до водство од 1:0 и да најави дека бодовите ќе останат на „Алијанц Арена“. Домашните одиграа смирено и ја искористија својата втора добра шанса во вториот дел, кога младиот Фаџоли во 84. минута и вторпат ја смести топката зад грбот на Онана и на Јуве му обезбеди четвртта последователна победа во Серија А која го носи на 5. место на табелата, со бод предност пред својот вечерашен противник.


Standings provided by Sofascore

ПретходноНорвежанките продолжуваат да „тероризираат“, главната рунда е запечатена!
СледноМирчевски со шести гол сезонава во дресот на Бачка Топола (ВИДЕО)