90.000 луѓе го скандираа името на Пике, тој во солзи одржа говор за паметење: Тука ќе умрам (ВИДЕО)

887

Славниот дефанзивец Жерар Пике вчера се прости од дресот на Барселона и беше испратен во заслужена пензија од „Камп Ноу“. 35-годишниот фудбалер ја напушти играта во 84. минута на овации и солзи и официјално стави крај на големата кариера во која освои речиси се што можеше во светот на фудбалот.

Легендарниот дефанзивец по натпреварот заврши во прегратките на соиграчите. Толпата остана на стадионот за да ги слушне неговите последни зборови како играч на Барселона.

Расплаканиот Пике не можеше да ги задржи солзите. Плачеше како мало дете и им се заблагодари на сите за се што направија за него за време на неговиот престој во клубот.

“Сакам да им се заблагодарам на сите – на моите соиграчи, на стручниот штаб, на сите во клубот. Ви благодарам за се.  Понекогаш љубовта се изразува со заминување“, а потоа горко заплака пред повеќе од 90.000 навивачи на стадионот „Камп Ноу“.

На крајот испрати силна порака. Ќе се врати и тој да умре во клубот.

„Дедо ми ме направи член на клубот на денот кога се родив. Овде сум роден, овде ќе умрам. Ќе се вратам“, рече Пике со аплауз од трибините.

ПретходноДоктор за кошарка, Јокиќ со чудесна асистенција (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Ќе “ВРИЕ“ во Штип, Ќато против Васоски, Работнички го “мерка“ лидерот