Астон Вила на Унаи Емери го декласира Јунајтед, Њукасл си “гази“! (ВИДЕО)

154

Супер настап и фантастична победа на Астон Вила против Манчестер Јунајтед и тоа со 3:1. Вила на свој терен предводена од новиот стратег Унаи Емери покажа како треба и просто го декласира фаворитот од Манчестер.

Веќе во 11.минута бепше 2:0 и тоа со головите на Бејли и Диње, Ремзи со автогол му “помогна“ на Јунајтед да дојде до 2:1 и тоа во 45.минута.

Сепак Ремзи во 49. минута постигна уште еден гол, овојпат во противничката мрежа за 3:1.

За разлика од Јунајтед, тимот на Њукасл продолжува да гази и да гази. Триумф над Саутемптон како гостин и тоа со 1:4. Стрелци на головите беа Алмирон, Вуд у Вилок. Домашните во финишот го ублажи поразот, но сепак Гимараеш стрелаше за конечни 1:4 во последните секунди од мечот. Сега со овие три бода Њукасл се се искачи на третото место на табелата во Премиерлигата.

Кристал Палас како гостин успеа да победи кај Вест Хем со 1:2, и тоа со гол во 94.минута.

ПретходноЕспањол и со играч помалку му “дрпна“ бод на Атлетико Мадрид кој се спасуваше и од пораз! (ВИДЕО)
СледноБабунски „стрела“ во триумфот над Вашаш