Баер го „спушти“ Унион Берлин на земја (ВИДЕО)

124

Екипата на Баер Леверкузен ќе биде тема во Бундес лигата следните неколку дена затоа што овој тим денеска со фантастични 5:0 го совлада довчерашниот лидер на табелата тимот на Унион Берлин.

Во маестрална партија во која на домаќинот се му појде од рака, Леверкузен го одигра мечот на досегашната сезона. Се започна во 46. минута кога Андриш погоди за водство, а во 55. односно 58. минута Диаби ја најави катастрофата на гостите. Хлозек и Бакер го „дотолчија“ гостинот до крајот на дуелот.

Сега, Унион Берлин остана на оние 26 поени кои ги имаше досега, а кои се два помалку од оние кои ги поседуа лидерот Баерн Минхен, додека пак Баер Леверкузен со оваа победа се извлече неколку места од зоната за испаѓање.

ПретходноФиорентина ја “реши“ Сампдорија, Монца со триумф над Верона! (ВИДЕО)
СледноПролет ја освои Битола и го зацврсти Тиквеш на третото место!