Екипата на Пролет се зацврсти на второто место на табелата во групата Б, откако го доби дуелот со Пелистер 2 со 23-25 на гостински терен. За битолскиот тим ова беше втор пораз во низа, откако во претходното коло киксираа на гости кај Тиквеш, кој пак сега сега ја превзема третата позиција, како и прв на домашен терен.
Пролет ги заслужи целосно бодовите, особено ако се земе во предвид дека во голем дел од мечот имаше убедливо водство, поведе со 2-5, 7-12, 5-18 и на полувреме со 9-14.
Битолчани пред крајот на дуелот на двапати дојдоа на минус еден (22-23 и 23-24), но немаа сили за нешто повеќе. Во самиот финиш Пролет остана без Белистојановски, кој во обид да постигне гол незгодно нагазна.
Џонов со шест гола беше прв стрелец, еден гол помалку имаше Димов. На другата страна Ивановски постигна шест погодоци.