Работнички реди победи, Вардар 2019 го запре Фит Фан Волеј

135

Одбојкарките на Работнички ја продолжија серијата победи на стартот на новата сезона во домашното првенство. Викендов во рамките на 5. коло, Работнички гостуваше во Струмица против екипата на Наковски Волеј и во еден извонредно динамичен меч, славеше со максимални 3:0. Резултатот по сетови покажува колку неизвесен беше дуелот во секој од трите сета.

Изненадувачка победа викендов извојуваа одбојкарките на Вардар 2019 кои во три сета славеа против градскиот ривал Фит Фан Волеј кој имаше одличен почеток на сезоната остварувајќи три победи во досегашните 4 кола. За Вардар 2019 ова беше втора победа со која полека напрадува и на табелата кај дамите.

Прва лига (жени), 5.коло

Наковски волеј – Работнички Скопје  0:3 (25:27, 21:25, 22:25)

Вардар ЕМ – Јанта волеј КВ   1:3 (12:25, 15:25, 25:19, 14:25)

Вардар 2019 – Фит фан волеј    3:0 (28:26, 25:22, 25:21)

Македонија Макс – Струмица жени    1:3 (21:25, 24:26, 26:24, 19:25)

Табела: Работнички Скопје 5-0, Јанта волеј КВ 5-0, Наковски волеј 3-2, Фит фан волеј 3-2, Вардар жени 2-3, Вардар ЕМ 1-4, Струмица жени 1-4, Македонија Макс 0-5

ПретходноМирчевски со шести гол сезонава во дресот на Бачка Топола (ВИДЕО)
СледноЛШ-ждрепка 1/8 финале: Елмас и Наполи го чекаат ривалот, можен е супер спектакл, ПСЖ со Сити, Баерн, Реал или Челзи!