Саутемптон попладнево соопшти дека му врачи отказ на досегашниот менаџер на тимот, Ралф Хасенхутл.
Управата на клубот сакаше да ја одложи одлуката за судбината на Хасенхутл до паузата поврзана со Светското првенство во Катар, но денешниот пораз дома од Њукасл ја прелеа чашата. Се очекува Саутемптон со нов тренер да го одигра следното коло од Премиер лигата со Ливерпул.
Претходно беше објавено дека Доменико Тедеско би можел да го преземе англискиот клуб.