Наполи оствари многу важна победа на гостувањето кај Аталанта со 1:2, а на мечот Елиф Елмас беше стратер и го постигна првиот гол за својот тим. Тренерот Лучано Спалети откри дека Елмас бил казнет и затоа не играл често, а токму кога требало тој ги покажал својот потенцијал.
„Елмас беше казнет на стартот на сезоната, играше многу малку со оглед на тоа колку покажуваше и се залагаше на тренинзите. Сега беше исклучително добар и ни донесе квалитет, на што му честитам. Многу ми е мило што покажавме дека можеме да победиме и без Кваратцкелија. Тој остана дома поради проблеми со грбот, па не сакавме да му вршиме притисок, да го тераме да доаѓа со нас.
А никој во екипата не му се допаѓа кога некој вели дека не можеме да победиме без него. Не се стигнува никаде во фудбалот ако немате 20 или 22 играчи кои можат да одговорат во секој момент. Најважна е групата и треба добро да се подготви за таа да делува онака како што замислувате“, изјави Спалети.
Наполи е лидер со 35 бодови, шест повеќе од Милан.