Шведската женска ракометна репрезентација е првиот патник во главната фаза на Европското првенство. И на втората средба ракометарките на оваа земја дојдоа до лесна победа, овој пат над еден од организаторите на континенталното натпреварување, Словенија, ја совладаа со убедливи 22-33.
Добрата игра во второто полувреме беше пресудна за втората победа на Шведска. Словенија имаше сили за едно полувреме (13-14), по кое целосно се распадна, па првиот пораз беше неизбежен.
Натали Хагман со девет и Јамина Робертс со осум погодоци беа најефикасните ракометарки на оваа средба.
CRUCIAL save from Ryde as @rzs_si battle their way to come back! 😵🧱 #ehfeuro2022 | #playwithheart | @SvenskHandboll pic.twitter.com/7ADM5nsWiF
— EHF EURO (@EHFEURO) November 6, 2022
Хрватска го запиша првиот триумф, откако ја совлада Унгарија со 21-18 во рамките на 2. коло во групата А. На другата страна пак унгарските ракометарки го запишаа првиот пораз.
Tea Pijevic is simply a nightmare for 🇭🇺 today 😱🐙 #ehfeuro2022 #playwithheart @HRStwitt pic.twitter.com/9MnvtjqSXr
— EHF EURO (@EHFEURO) November 6, 2022