Шкендија го напушти теренот во Струмица: Едно дерби во сезоната и тоа не се доигра (ВИДЕО)

5151

Единственото вистинско дерби во домашното одбојкарско првенство оваа сезона не го дочека крајот. Синоќа во Струмица, актелниот освојувач на двојната круна ја пречека тетовска Шкендија, која по првите три кола имаше исто толку победи.

Струмичани подобро го отворија мечот и по првите два сета имаа предност од 2:0 во сетови. Во третиот сет бевме сведоци на непосакувани сцени во салата „Парк“ и предвремено напуштање на мечот од страна на гостите од Тетово. Гостинскиот тренер влезе во конфликт со публиката, по што судијата му покажа жолт и црвен картон, по што тетовци решија да ја повлечат екипата.

За првенство во кое едвај секоја година се собира прволигашко друштво, вистинска срамота и трагедија е што и ваквите дерби дуели кои се очекуваат со нетрпение не успеваат да завршат регуларно и спортски.

Прва лига (мажи), 4.коло

Струмица Никоб – Шкендија   прекин при резултат 2:0

ГОК Борец – Сушево     3:0 (25:15, 25:19, 25:12)

Либеро – Лирија      3:1 (20:25, 25:20, 25:18, 25:17)

Македонија Џио – Петровец  0:3 (13:25, 19:25, 21:25)

Весна Пробиштип – Универзитет во Тетово

***Слободна е екипата на Штип УГД

ПретходноИбанез му подари триумф на Лацио во „Дерби Капитале“ (ВИДЕО)
СледноЈанески не можеше сам: Пелистер се извлече кај Куманово