Денеска во Нион, точно на пладне, ќе се одржи ждрепката за осминафиналето во Лигата на Шампионите. Во двата шешира, носители и неносители, се 16-те клубови кои ја минаа групната фаза од ЛШ оваа сезона.Тоа се најдобрите екипи за оваа сезона во најелитното клупско натпреварување.
Македонија во оваа фаза во ЛШ ќе има само еден фудбалер и тоа Елиф Елмас со својот Наполи. Со оглед на тоа дека ПСЖ заврши како втор во својата група, ќе имаме супер спектакл. Имено “светците“ може да добијат ривал како Сити, Баерн, Реал или Челзи.
ПРВОПЛАСИРАНИ – НОСИТЕЛИ:
Порто, Баерн Минхен, Наполи, Тотенхем, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Челзи, Бенфика
ВТОРОПЛАСИРАНИ – НЕНОСИТЕЛИ:
Клуб Бриж, Интер, Ливерпул, Ајнтрахт Франкфурт, Лајпциг, Борусија Дортмунд, Милан, ПСЖ
Во оваа фаза не може да се паднат за ривали екипи од иста земја, како и екипи кои веќе претходно играле во иста група во досегашниот дел од Лигата на Шампионите. Реваншите се играат кај екипите кои ќе бидат носители.
Првите натпревари од осминафиналето се играат на 14/15/21/22 февруари, додека реваншите на 7/8/14/15 март следната година.
Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето е закажана за 17 март.
Големото финале е закажано за 10 јуни 2023 година и тоа на стадионот “Кемал Атататурк“ во Истанбул.
Подоцна, од 13 часот па натака ќе се одржат и ждрепките за 1/16 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.