Македонскиот прволигаш Брегалница ја прекина соработката со тренерот Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор Никола Тонев. Од клубот соопштија дека двоецот поднел неотповикливи оставки кое раководството одлучило да ги прифати.
Неофицијално дознаваме дека нов тренер на штипскиот клуб ќе биде Никола Кузманов.
Брегалница во моментов се наоѓа на шестото место во ПМФЛ, а оставките доаѓаат непосредно пред настaпот во четвртфиналето од Купот на Македонија против Струга ТЛ.