Полувреме: Македонија се бори, но одиме на пауза со минус од осум голови

83

По првото полувреме во вториот меч на ова ЕП, Македонија има минус од осум голови на дуелот со Холандија, резултатот е 9:17. Очекувано, искусната и квалитетна гостинска селекција го искажа својот квалитет во првото полувреме вечерва во салата “Борис Трајковски“.

Нашите ракометарки како и на првиот дуел со Франција, и вечерва почнаа некако под безпотребен притисок, имаше минус од 2 гола во првите минути, а првиот гол го дадовме во 3,55 минута преку Дабевска. Холандија потоа направи серија и дојде до 1:6 во 7,55 минута. Македонија врати со два гола за 3:6, но потоа Холандија одново во серија од три гола за 3:9 на средината од првиот дел. Во 20 минута беше 6:12, со тој втор гол на Сара Ристовска, која во 22 минута постигна уште еден гол за 7:12. Холандија врати со 7:14.

Се забележа тоа наше неискуство, и тоа кога имавме добри акции за гол, но го немавме тој последен пас за гол. Тоа Холандија и тоа како добро го користеше, која одигра и жестока одбрана па така на крајот гласеше 9:17 за Холандија. 

Во нашиот табор најефикасна беше Сара Ристовски со три голови, два постигна Јаневска, додека по еднаш стрелаа Дабевска, Кипријановска, Јанкуловска и Саздовска. Додека кај Холандија најефикасна беше Смитс со седум голови.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (А. Пандев)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 14.КОЛО: Скендери најдобар меѓу најдобрите