Тен Хаг брутално го понижи Кристијано Роналдо!

1499

Манчестер Јунајтед беше поразен со 3-1 на гостувањето кај Астон Вила во натпревар од 15. коло на Премиер-лигата, а Кристијано Роналдо, кој конечно играше од првата минута беше мета на критики поради слабата игра. Португалецот ја доби и капитенската лента иако Ерик тен Хаг призна дека имал поинаков план.

Португалецот сигурно нема да се израдува кога ќе слушне какво објаснувањ. Предност имал дури и играч кој неодамна му се приклучи на клубот, но не ја добил капитенската лента само затоа што сè уште не зборува многу добро англиски.

„Хари Мегваер остана на клупата и се знае дека тој е нашиот прв капитен. Тогаш мислев дека капитен треба да биде Давид де Хеа бидејќи тој е вистински лидер, но тој е голман и е далеку од повеќето играчи што навистина не ми одговара. Мислев да му ја дадам капитенската лента на Касемиро, но тој се уште не зборува добро англиски, па на крајот решив да го направам Роналдо капитен“, изјави Тен Хаг.

Роналдо не импресионираше премногу со вчерашниот настап против Астон Вила, а разочараните навивачи на Манчестер Јунајтед по натпреварот дури му порачаа на Португалецот дека најдобро е да го следи примерот на Пике и да стави крај на кариерата.

Искусниот 37-годишен напаѓач во досегашниот тек од сезоната одигра 16 натпревари во сите натпреварувања, но најмногу дојде од клупата за резерви.

ПретходноПродолжува ужасната сезона за Лејкерси и Леброн (ВИДЕО)
СледноГолем удар за Бразил, без една од најголемите ѕвезди на СП во Катар!