Ѓоковиќ до Руне: Малку е тежок, зар не?

1201

Новак Ѓоковиќ загуби од Данецот Холгер Руне во финалето на Мастерсот во Париз, а по драматичниот меч му подаде рака на 19-годишниот Скандинавец и му честиташе за се што направи во главниот град на Франција. Србинот во свој стил го поттикна некогашниот јуниор број еден во светот да продолжи да работи, со порака дека го очекуваат големи работи.

„Сакам да ви честитам тебе, на твојот тим и на твоето семејство. Апсолутно ја заслужи оваа победа, одигра неверојатен турнир и имаше неверојатна недела. Фантастично. Не сум среќен затоа што ме победи, но во исто време сум среќен за тебе затоа што мислам дека си многу посветен човек кој сака тенис и се труди со часови и часови. Тоа се исплати и сигурен сум дека пред тебе е светла иднина, честитки“, изјави Новак Ѓоковиќ.

Додека Новак зборуваше, Данецот за момент ја спушти главата и со наведната поза исто така му оддаде признание, бидејќи очигледно многу му поласкал што таков ас зборува толку убави работи за него. Потоа за момент го остави пехарот, тој момент Ѓоковиќ се пошегува: „Малку е тежок, нели?“. Тие зборови ги насмеаа сите и покажаа дека Новак е навистина одличен и во победа и во пораз. Ноле сега има една недела одмор за завршниот Мастерс во Торино.

ПретходноЛШ-ждрепка 1/8 финале: Елмас и Наполи го чекаат ривалот, можен е супер спектакл, ПСЖ со Сити, Баерн, Реал или Челзи!
СледноХАОС ВО АРГЕНТИНА: Судијата покажа десет црвени картони, трофејот за Расинг (ВИДЕО)