Гичевска: Тажна сум поради публиката!

227

Првата победа на Европското првенство, македонската женска ракометна репрезентација ќе ја бара на последниот меч од групната фаза и тоа против Романија. На никого не му е сеедно што против Холандија вечерва не се покажа во вистинско светло, но како утеха останува што преку овие натпревари нашите ракометарки ќе собираат искуство, кое дефинтивино им е потребно.

„Честитки за Холандија. Одиграа одличен меч. Ние го загубивме фокусот на денешниот меч. Тажна сум поради навивачите кои дојдоа да не бодрат. Но, сепак мислам дека растеме заедно од мечеви како што се овие. Ќе го одиграме и мечот со Романија максимум и ќе дадеме се од себе“, изјави Леонида Гичевска. 

ПретходноСавевски: Жал ми е за публиката, не одигравме како што знаеме!
СледноТите го објави конечниот список на Бразил за СП: Антони се изнаплака од радост… (видео)