Дефинитивно: Македонија и Романија во битка за главната фаза

192

Романија, очекувано не успеа да приреди изненадување против актуелниот олимписки првак. Франција токму на сметка на романските ракометарки го завери билетот за главната рунда, дојде до убедлива победа од 35-21.

На другата страна она што се очекуваше се исполни, Македонија и Романија во директен дуел ќе одлучат за кого ова Европското првенство ќе заврши уште во групната фаза.

Франција пред крајот на првото полувреме го урна отпорот на Романија, со серија од 5-1 поведе со 10-16 и до крај не дозволи мечот да оди во поинаков правец.

На средината на второто полувреме беше 16-26, веќе беше јасно на чие конто ќе оди победата.

Дуелот меѓу Македонија и Романија се игра на 9 ноември.

ПретходноНад 5000 навивачи од Индија, Непал, Шри Ланка… одат во Катар да навиваат за Аргентина
СледноОва е еден од најлудите голови во 2022 година – го постигна голман! (видео)