Со ждрепка денеска беа одредени и плеј-оф двојките за најслабото по ранг европско клупско натпреварување, Конференциската лига на УЕФА. Во шеширите се најдоа осумте второпласирани екипи од секоја од групте, плус осум третопласирани екипи од Лигата на Европа. Од осумте пресметки кои ќе дадат уште осум патници во осминафиналето се издвојува пресметката меѓу Трабзонспор – Базел поради нашиот репрезентативец Енис Барди, кој ќе се бори за место во осминафиналето против швајцарскит гигант кој во последните две сезони и не е во самиот врв на европскиот фудбал.
Иван Тричковски и неговата АЕК Ларнака за место во осминафиналето ќе се борат против украински Дњипро.
ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈ-ОФ РУНДА:
° Карабах – Гент
° Трабзон – Базел
° Лацио – Клуж
° Бодо – Лех
° Брага – Фиорентина
° АЕК Ларнака – Дњипро-1
° Шериф Т. – Партизан
° Лудогорец – Андерлехт
Натпреварите од ова плеј-оф коло ќе се играат на 16 и 23 февруари. Ден подоцна е ждрепката за осминафиналето во која ќе влезат и осумте првопласирани екипи од групната фаза.