Коментар на 14. коло: По глупоста што ја направи ТЕПАЧОТ Сабит Билали заслужува драконска казна!

11124

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Глупост на денот, на колото или подобро кажано глупост на сезоната. Ете тоа го направи играчот за врска на Шкендија, Сабит Билали на вчерашниот меч со А. Пандев. Јасно е дека нервите на сите учесници на тој меч меч беа „истенчени“, се играше самиот финиш на мечот, резултатот беше 1:1. Шкендија беше оштетена за чист гол, но и гостите исто така беа оштетени, барем така се произнесе Судиската комисија, но Билали не смееше така да реагира, никако.

Тој испад ќе го чини многу. Многу ретко гледаме како еден фудбалер со нога, со клоца удира противнички играч додека тој лежи долу.

Билали ова не смееше да го направи, никако, токму затоа тој заслужува драконска казна. Тука нема никој дилеми, па дури и поголем дел од фановите на Шкендија по социјалните мрежи коментираат дека Билали претерал.

Не смее да има никакво оправдување, не смее да има гледање низ прсти. Таа драконска казна треба да послужи како пример за сите оние играчи кои во иднина ќе се најдат во иста ситуација малку размислат пред да шутираат свои колеги фудбалери од противничкиот табор.

Се одиграа сите пет мечеви од 14.коло, Шкупи бепше слободен а Струга ТЛ пак не победи, но исто така пак е прва со тие +3 бода во однос на Шкендија.

Лидерот ремизираше на ФФМ кај Работнички со 1:1, а со истиот резултат Шкендија одигра дома со А. Пандев. Резултат кој прилично сензационално одекна во нашата јавноста, посебно ако се знае дека струмичани веќе два месеци се во нокаут на резултатски план.

Брегалница покажа дека и тоа како и оди со Тиквеш, нов триумф на штипските “сини“ во „Битката за Истокот“, додека „лавовите“ среде Прилеп го одиграа веројатно најдобриот меч оваа сезона и победија со 1:3.

Скопје одигра херојски против Силекс и дојде до бод, а Работнички никако, па никако и пак никако, не може да ја победи Струга ТЛ кога се играат мечевите во Скопје. Ова беше петти меч и трето реми со два порази.

Ова беше вкупно 14 натпревар меѓу овие две екипи, и само една победа на Работнички, навистина неверојатно.

ПретходноОставки во Брегалница – разделбa со Ѓорѓиовски и Тонев
СледноДимитријевиќ со 22 поени го предводеше Уникс до победа (видео)