ЛЕ ЖДРЕПКА: Гигантите не се промашија – Барса против Манчестер Ј.!

1198

Во Нион попладнево со ждрепка беа одредени и двојките за првата нокаут-рунда во УЕФА Лигата на Европа, поточно т.н. плеј-оф. Во него се најдоа второпласираните тимови од групната фаза во второто по ранг европско натпреварување, како и екипите кои го освија третото место во групната фаза од Лигата на шампионите.

Најатрактивна двојка за ова плеј-оф коло е пресметката меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед. Каталонците кои не успеаја да ја минат групата фаза во ЛШ за противник го добија според многумина еден од главните фаворити во Лигата на Европа. Ова ќе биде една вистинска мега-пресметка која ќе се очекува со нетрпение.

Јувентус против француски Нант ќе бара осминафинале, додека најтрофејниот тим во ова натпреварување, Севиља за противник го доби ПСВ. Рома на Жозе Мурињо во битка за осминафиналето ќе мора да го помине австриски Салцбург.

ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈ-ОФ РУНДА:

° Барселона – Манчестер Ј.

° Јувентус – Нант

° Спортинг (Л) – Митјиланд

° Шахтјор (Д) – Рен

° Ајакс – Унион Берлин

° Баер (Л) – Монако

° Севиља – ПСВ

° РБ Салцбург – Рома

Термините за одигрување на овие натпревари се 16 и 23 февруари, по што на 24 февруари ќе биде и ждрепката за одредување на осминафиналните дуели.

ПретходноСавевски: Треба да бидеме реални, но би бил пресреќен доколку изненадиме!
СледноСпоред обложувалниците: Ливерпул и Баерн се фаворити против Реал (М) и ПСЖ