Манчестер Сити во една година заработил 700 милиони евра

225

Приходите на Манчестер Сити за изминатата даночна година достигнаа 704,18 милиони евра, што е втор најдобар резултат досега за некој англиски клуб. Најдобриот резултат засега го има остварено Манчестер Јунајтед, кој во сезоната 2018/2019 добил приход од 719,08 милиони евра, пишува „Телеграф“.

Комерцијалните приходи на Манчестер Сити беа 354,84 милиони евра, што претставува зголемување од речиси 14% на годишно ниво благодарение на 12 нови глобални и регионални партнерства, што е највисока бројка во историјата на англискиот фудбал. Нето приходот на Манчестер Сити бил 47,82 милиони евра.

ПретходноКанатларовски го објави списокот за контролите со Кипар и Србија
СледноЧави има проблем во соблекувалната: Рафиња лут на тренерот и форсирањето на Дембеле