Македонската ракометна женска репрезентација е пред нов предизвик на ЕУРО 2022, кое се одржува во Скопје. Противник на избраничките на Љубомир Савевски е Холандија, уште една силна репрезентација во редот во нашата група Ц.
Ракометарките немаат притисок од страна на предводникот на нашиот најдобар национален тим, се работи на нивната мотивација, единствено што се бара е да одиграат максимално.
„Работиме најмногу на тоа да ги мотивираме ракометарките. Најважно е да имаме ден, нашиот голман да биде на ниво и секако трибините да бидат полни за да дојдеме до посакуваното изненадување. Холандија ја победи Норвешка десет разлика и тоа кажува и повеќе од доволно за нивниот квалитет. Станува збор за силна репрезентација, а ние треба да бидеме објективни. Имаат исклучително брзи крила, затоа мораме да трчаме многу брзо и да се обидеме да ги покриеме. Наше е да се обидеме. Навистина би бил премногу среќен ако се обидеме да ги изненадиме“, изјави Савевски.
Дуелот меѓу Македонија и Холандија е закажан со почеток во 18 часот.