Саутемтпон му врачи отказ на менаџерот Ралф Хазенхeтл по вчерашниот пораз од 1-4 од Њукасл во Премиерлигата. „Светците“ се во опасната зона на табелата со 12 освоени поени од 14 натпревари. Тимот оствари само една победа на последните девет средби, па раководството на клубот немаше друг избор па се раздели со менаџерот.
Од клубот се свртија кон менаџерот на Лутон таун, Нејтан Џоунс. Од Лутон, кој се натпреварува во Чемпионшип, објавија дека му дале дозвола на Џоунс да преговара со Саутемптон. Според англиските медиуми клубовите лесно ќе се договорат околу отштетата, па Џоунс ќе може да го предводи Саутемптон против Шефилд Венздеј во 3.коло од Лига купот.