Екипата на Рајо Ваљекано успеа да го совлада Реал Мадрид со 3:2 во 13.коло на шпанската Ла Лига. Тоа беше возбудлив натпревар, а во првото полувреме паднаа четири гола. Македонскиот голман Столе Димитриевски беше на голот на Рајо на овој натпревар со два пресврти.
Поведе Рајо со голот на Комесана во 5. Минута, но од 37. до 41. минута актуелниот првак го сврте резултатот во своја корист. Прво погоди Модриќ од пенал, а потоа и Едер Милитао со глава на асистенција на Асенсио.
Сепак, пред крајот на првиот дел со силен шут, Гарсија го погоди голот на Куртоа.
Во вториот дел, поточно во 65 минута Дани Карвахал направи прекршок во својот шеснаесетник и судијата по консултација со ВАР покажа пенал. Оскар Трехо во првиот обид промаши односно Куртоа му го одбрани ударот но судијата го повтори пеналот затоа што видел прекршување на правилата при шутирање на пенали.
Во вториот обид Трехо погоди и донесе пресврт за Рајо со 3:2. Во последните минути од мечот Родриго имаше огромна шанса да изедначи но неговиот удар од неколку метри заврши преку голот.
На табелата Реал после овој пораз, прв во првенството остана втор со 32 бода, два помалку од лидерот Барселона, додека Рајо е на осмото место со 21 бод и шест победи.