Само еден час откако се извлекоа двојките за осминафиналните пресметки во Лигата на шампионите, најголемите светски букмејкери ги ревидираа квотите за тимовите кои имаат најголеми шанси да го освојат најсилното клупско натпреварување во Европа.
Според обложувалниците и натаму супер-фаворит за европската титула останува Манчестер Сити (2.62), кој се чини дека лесно ќе ја мине осминафиналната рунда на патот кон четвртфиналето. Втор фаворит остана Баерн (М), но сега со зачително повисока квота за освојување на титулата, затоа што за противник во осминафиналето го добија ПСЖ, кој, пак, е трет фаворит. Квотата за Баерн да биде европски шампион е 8.00, додека за ПСЖ е 10.00.
Интересно е што и Ливерпул (според букмејкерите) е фаворит во пресметката со Реал (М) во осминафиналето, ако се суди според понудените квоти за европски шампион. За Ливерпул квотата да биде освојувач на европската круна е 10.00, додека за Реал (М) 13.00.