Во среда од 13 часот закажани се сите натпревари од 1/4 финалето во Купот на Македонија. Секако дека најголемо внимание привлекува мега – дуелот на Чаир меѓу Шкупи и Шкендија. Честа да го суди овој дуел ја доби Јован Качевски од Струга, во моментов веројатно еден од нашите најдобри судии, ако не и најдобар.
Во Кратово правдата ќе ја дели Стојанче Стојанов од Штип, додека во Струга, на “центарот“ ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.
И на последниот меч, оној меѓу Македонија ЃП и А. Пандев, главен судија ќе биде Крумислав Ѓорѓиев од Штип.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ – СРЕДА (13 Ч)
СИЛЕКС – ВАРДАР: Стојанче Стојанов (Штип)
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА: Игор Стојчевски (Скопје)
МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА: Јован Качевски (Струга).