Бразилците на секој Мундијал се големи фаворити за титулата, па секогаш со внимание се следи изборот на репрезентативците кои ќе го претставуваат поранешниот светски првак. Селекторот Тите имаше голем број на фудбалери, но мораше да со скрати списокот и да одлучи кој ќе оди во Катар, а кој ќе остане дома.
Па така Нејмар е првата виолина во тимот, тука се и Габриел Жесус и ветеранот Дани Алвес, но ги нема Роберто Фирмино и Филипе Кутињо. Од 26-те играчи што ги одбра Тите, 16 првпат ќе бидат дел од Мундијал.
Меѓу нив е и Антони кои со друштво го следеше пресот на Тите кога ги соопштуваше играчите кои ќе одат во Катар. Кога го спомнаа неговото име, тој се изнаплака од радост…
И Ришарлисон е на списокот иако беше повреден, сепак, тој ќе заздрави на време.
Antony’s reaction to being called up to Brazil’s World Cup squad 🇧🇷❤️pic.twitter.com/F2gaYoHYh1
— utdreport (@utdreport) November 7, 2022
When @richarlison97 found out he made Brazil’s squad for the World Cup 💛 pic.twitter.com/vC4NRgAyBQ
— GOAL (@goal) November 7, 2022
Brazil’s squad for the World Cup 🇧🇷 pic.twitter.com/en8JnQha8D
— B/R Football (@brfootball) November 7, 2022