Неверојатно, финалето на Трофејот на шампионите во Аргентина го одбележа судијата Факундо Телјо кој покажа дури 10 црвени картони. Овој дуел го доби Расинг, беше подобар од Бока јуниорс со 2-1.
Седум играчи беа исклучени од Бока, додека од Расинг тројца фудбалери. Првите два црвени картони беа доделени пред продолженијата, додека останатите во самиот финиш, средбата беше прекината. Црвен картон доби и тренерот на Бока.
Интересно е што се ескалираше по големото славје на Алкараз пред навивачите на Бока Јуниорс, тој непристојно го прославуваше погодокот во 118. минута. Ова не му го простија ниту противничките играчи, но ниту судијата Телјо, кој ќе го гледаме на претстојното Светско првенство во Катар.
Инаку, ова е само втор пат како се игра Суперкупот на Аргентина, а Бока пропушти шанса да стигне до „тројната круна“.