Романија, очекувано не успеа да приреди изненадување против актуелниот олимписки првак. Франција токму на сметка на романските ракометарки го завери билетот за главната рунда, дојде до убедлива победа од 35-21.
На другата страна она што се очекуваше се исполни, Македонија и Романија во директен дуел ќе одлучат за кого ова Европското првенство ќе заврши уште во групната фаза.
Франција пред крајот на првото полувреме го урна отпорот на Романија, со серија од 5-1 поведе со 10-16 и до крај не дозволи мечот да оди во поинаков правец.
На средината на второто полувреме беше 16-26, веќе беше јасно на чие конто ќе оди победата.
Дуелот меѓу Македонија и Романија се игра на 9 ноември.