Претставниците на француската репрезентација се сомневаат дека предводникот на нападoт на репрезентацијата и ѕвезда на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе може да се опорави за натпреварот од 1. коло од групната фаза на Светското првенство во Катар против селекцијата на Австралија.
34-годишниот Бензема пропушти четири од петте натпревари на Реал Мадрид во Лигата на шампионите и Ла Лига од 19 октомври. Тој има проблем со мускулот на левата надколеница и од неодамна тренира одвоено од остатокот од тимот.
Да напоменеме дека Франција поради повреди веќе ги загуби Н’Голо Канте (Челзи) и Пол Погба (Јувентус). Учеството на Рафаел Варан (Манчестер Јунајтед) на турнирот се уште е под знак прашалник.
Натпреварот Франција – Австралија ќе се одигра на 22 ноември.