Македонија има два реми натпревари против Холандија

110

Македонската женска ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра вториот натпревар на Европското првенство кое се одржува во Скопје. Противник на избраничките на Љубомир Савевски е селекцијата на Холандија.

Последен пат имаме играно во мај 2010 година, квалификациите за ЕП, дуел кој заврши без победник. Една година подоцна, исто во битка за место на континентално натпреварување овие две земји одиграа 20-20, со тоа што Македонија се врати од голема негатива.

Холандија ја доби Македонија на осми декември во 2001 година на СП, дуелот заврши со резултат 24-29.

Ова ќе биде четврта пресметка, сите посакуваме победа пред домашните навивачи.

ДОСЕГАШНИ МЕЃУСЕБНИ ПРЕСМЕТКИ

8 ДЕКЕМВРИ 2001 (СП)

МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА 24:29 (9:16)

18 ОКТОМВРИ 2009 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

ХОЛАНДИЈА – МАКЕДОНИЈА 20:20 (15:8)

30 МАЈ 2010 (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)

МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА 28:28 (12:14)

ПретходноЛиверпул се ПРОДАВА!
СледноЕрдал Ракип и Малме се разделија!