Саутемтпон му врачи отказ на менаџерот Ралф Хазенхитл по вчерашниот пораз од 1-4 од Њукасл во рамки на Премиерлигата.
„Светците“ се во опасната зона на табелата со 12 освоени поени од 14 натпревари. Тимот оствари само една победа на последните девет средби, па раководството на клубот немаше друг избор па се раздели со менаџерот.
Хазенхитл седеше на клупата на стадионот „Сент Мери“ од декември 2018 година.