По првото полувреме во вториот меч на ова ЕП, Македонија има минус од осум голови на дуелот со Холандија, резултатот е 9:17. Очекувано, искусната и квалитетна гостинска селекција го искажа својот квалитет во првото полувреме вечерва во салата “Борис Трајковски“.
Нашите ракометарки како и на првиот дуел со Франција, и вечерва почнаа некако под безпотребен притисок, имаше минус од 2 гола во првите минути, а првиот гол го дадовме во 3,55 минута преку Дабевска. Холандија потоа направи серија и дојде до 1:6 во 7,55 минута. Македонија врати со два гола за 3:6, но потоа Холандија одново во серија од три гола за 3:9 на средината од првиот дел. Во 20 минута беше 6:12, со тој втор гол на Сара Ристовска, која во 22 минута постигна уште еден гол за 7:12. Холандија врати со 7:14.
Се забележа тоа наше неискуство, и тоа кога имавме добри акции за гол, но го немавме тој последен пас за гол. Тоа Холандија и тоа како добро го користеше, која одигра и жестока одбрана па така на крајот гласеше 9:17 за Холандија.
Во нашиот табор најефикасна беше Сара Ристовски со три голови, два постигна Јаневска, додека по еднаш стрелаа Дабевска, Кипријановска, Јанкуловска и Саздовска. Додека кај Холандија најефикасна беше Смитс со седум голови.