Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да дојде до првата победа ниту од втор обид. Холандија на дело покажа зошто е фаворит, славеше со убедливи 15-30 и си завери виза во следната рунда.
„Холандија одигра фантастично, ние одигравме лошо денеска. Направивме многу грешки, имавме повеќе од 20 промашени шутеви и многу технички грешки. Не одигравме добро во нападот. Многу брзавме во нападот и шутиравме без да создадеме шанса. Некогаш одигравме и добро во одбраната, но нападот ни беше многу лош. Жал ми е за публиката бидејќи не одигравме како што знаеме. Прашање за мене и ракометарките е што понатаму бидејќи ќе ги изгубиме навивачите“, изјави Савевски.
Македонија последната средба од групната фаза ја игра на 9. номеври против Романија.