Во силна конкуренција, сепак според “Спортмедиа“ токму Емир Скендери, младиот напаѓач на Македонија ЃП е најдобар меѓу најдобрите во ова 14.коло. И не само поради голот, тој вториот, туку и поради фактот дека Скендери одигра навистина одличен меч и беше најдобар во победничкиот тим кој славеше среде Прилеп со 1:3.
Покрај него во тимот на колото од Македонија ЃП е и Абази. Во тимот а колото се и Алчевски, Димов и М. Ѓоргиевски кој со само 17 години стана еден од најмладите стрелци во историјата на ПМФЛ, од А. Пандев. Од Брегалница тука се Ѓокиќ и Кудев, од Работнички тука е Шаркоски, а од Струга ТЛ дефанзивецот Радиќ. Во идеалниот тим на 14.коло се и Мециновиќ од Скопје и Дориев од Шкендија.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ЕМИР СКЕНДЕРИ
Тим: Македонија ЃП
Роден: 01.04.2000 во Скопје
Кариера: А. Пандев, Кожуф, Тиквеш, А. Пандев, Струга ТЛ, Македонија ЃП