Чави има проблем во соблекувалната: Рафиња лут на тренерот и форсирањето на Дембеле

259

Според новинарот Жоан Фонтес, напаѓачот на Барселона, Рафиња е многу незадоволен од начинот на кој се одвива неговиот престој во клубт по трансферот од Лидс Ј. Според фудбалерот, за оваа негова позиција виновен е тренрот Чави кој неправедно се однесува кон него.

Бразилецот изгледаше одлично во подготвителниот период и на првите средби од новата сезона, но со текот на времето го загуби местото во тимот. Од 16 октомври и поразот од Реал Мадрид (1-3), тој на само еден од шесте натпревари стартуваше во првите 11.

Според новинарот Жоан Фонтес, крилниот напаѓач е во студен однос со тренерот.

Рафиња ги известил своите блиски дека е разочаран од Чави. Тој чувствува дека е премногу критикуван кога ризикува, а Дембеле е награден за неговата храброст иако прави повеќе грешки. Во текот на преговорите му било ветено дека ќе игра на десната страна, но таму сега е Дембеле кој не се знаеше до последно дали ќе остане или ќе си оди од клубот ова лето.

ПретходноМанчестер Сити во една година заработил 700 милиони евра
СледноЗОРАН РАЈЧИНОСКИ ОД БЕЛА ЦРКВА Е НОВИОТ МИЛИОНЕР НА ВИДЕОЛОТАРИЈА СО 1.484.867,00 ДЕНАРИ