Јончевски: Дуелот со Норвешка е одлучувачки

111

Непосредно пред заминувањето за Гевгелија, предводникот на нашата најдобра кошаркарска селекција, Александар Јончевски ги сподели очекувањата од средбите кои следуваат. Македонија на 10 ноември ја пречекува Норвешка, а на 13 ноември играме со Данска.

„И пред почетокот на претквалификациите во плановите беше освојување на првото место бидејќи единствено води во следната фаза, односно во главните квалификации. Отворивме со две победи и си ја олеснивме работата со оглед на тоа што играме на домашен терен. Играме против Норвешка која, исто така, има две победи и тоа со голема разлика. Верувам дека овој натпревар е одлучувачки, не дека нема шанса за поправен. Но треба да го искористиме домашниот терен и да ја потврдиме победата против Данска“, вели селекторот.

Селекторот Јончевски има и свој коментар за ангажирањето на Американецот Ти-Џеј Шортс

„Што се однесува до новиот играч во составот, имаше интерес за натурализација и за други кошаркари. Но се одлучивме за Ти Џеј Шортс кој има одлични квалитети на плејмејкерската позиција, а избравме организатор на играта бидејќи нема да сметаме на Димитријевиќ кого и се надевам дека добро ќе го замени“.

ПретходноДоцни со рехабилитацијата: Франција без Бензема на првиот меч на СП во Катар?
СледноКЛ ЖДРЕПКА: Барди против Базел, Тричковски на двобој со Дњипро