Бенфика и Руи Коста тргнале да го купат Елмас, но биле одбиени од Наполи

313

Македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас сезонава е во втор план во Наполи поради добрата форма на грузискиот офанзивец Квича Кваратшкелија. Португалската Бенфика сакала да го искористи моментот и да го ангажира Елмас и испратила две понуди, последната била од 18 милиони евра кои Наполи ги одбил.
Ова го откри новинарот на Раи Италија, Чиро Венерато.
Наполи често добива понуди за Елиф Елмас. Едната од Бенфика беше официјална, тие беа спремни да платат меѓу 15 и 18 милиони евра. Ова го добив како информација од новинар на А Бола (португалски весник) со тоа што дознав и дека спортскиот директор на португалскиот клуб Руи Коста бил испратен да ги убеди од Наполи да го пуштат Македонецот. Потоа му се јавив на Џунтоли да го прашам дали е вистина, па ми одговори: „Да, вистина е, Бенфика го сака, ама Елмас не е на продажба“, изјави Венерато.

ПретходноЛегендарниот Двајт Хауард одлучи да игра во Тајван
СледноОд Пелистер уверуваат: Одиме по добар пат, a имаме уште 20 кола и ништо не е загубено