Кузманов фаворит за клупата на Брегалница

1042

Како „гром од ведро небо“ вчера од Штип одекна веста дека првиоот оперативец на клубот, спортскиот директор Никола Тонев, односно првиот тренер, Илчо Ѓорѓиоски си поднеле оставки и повеќе не се дел од клубот.

Штипјани долго време дебатираа на оваа тема, се „крчаше“ во фудбалската кујна во Штип се и сешто за да на крајот сепак, раководните структури на Брегалнцица во корелација со горенаведените се одлучат на ваков потег. Што точно се случи во Штип односно во Брегалница ќе се дознае деновиве, а во меѓувреме се лицитира со наследникот на Ѓорѓиоски.

Спортмедиа дознава дека прв пик на „сините“ е Никола Кузманов, искусниот стратег кој последно беше дел од Слога Виница, и со кој тим направи резултатски бум. Тој за Штип не само што не е непознаница, туку чаршијата инсистира на него, поточно на домашен тренер што се вели. Брегалница утре го игра четвртфиналето од купот на Македонија против Струга Трим Лум на гостински терен па веројатно потоа ќе се знае новиот тренер.

 

ПретходноДимитриевски за Спортмедиа: Први сезонава го имаме „скалпот“ на Реал, но за мене најголем триумф сепак е против Барселона
СледноБлатер: Катар го доби Мундијалот поради купените француски авиони вредни 15 милијарди евра