Луис Хамилтон стана почесен граѓанин на Бразил, причината за тоа е многу посебна

176

„Целиот мој живот Бразил има важно место во моето срце, тој е мојот втор дом“, изјави 37-годишниот Хамилтон за време на церемонијата во бразилскиот парламент.

Облечен во сино одело, тој доби медал во жолто-зелените бои на Бразил од рацете на претседателот на Долниот дом Артуро Лира, кој го нарече „Бразилец во душа“.

Возачот на Мерцедес, кој в недела ќе се натпреварува на Големата награда на Бразил, изјави дека му е чест што ја добил титулата, прва што бразилскиот парламент му ја додели на странец.

Хамилтон остави впечаток кога, по победата на Бразилското ГП во 2021 година, му оддаде почит на Сена, трикратниот светски шампион кој трагично загина на трката во Имола во 1994 година.

„Кога ќе помислам на улиците на Ел Салвадор или скапоцената амазонска шума, сакам да поминам уште повеќе време овде и подобро да ги запознаам неверојатните луѓе и местата на оваа прекрасна земја“, изјави Британецот.

ПретходноХит видео во Шпанија: Омилениот играч на Анчелоти, наместо голот – погоди нечија тераса!
СледноЧави: Јунајтед е најлошото кое можевме да го посакаме!