Спортскиот суд пресуди: Еквадор е виновен во случајот „Кастиљо“, изрече и казна

179

Пред речиси шест месеци Чиле го обвини Еквадор за лажирање на Бајрон Кастиљо и побара таа репрезентација да биде исфрлена од СП во Катар. ФИФА му дозволи на Еквадор да игра на СП и го отфрли барањето на Чиле, но Спортскиот арбитражен суд донесе пресуда и неочекувана казна.

ФИФА во јуни објави дека не нашла неправилности, но Чиле се жалеше на повисоко ниво. ЦАС на крајот потврди дека Еквадор и Кастиљо ќе можат да играат на СП 2022, но Еквадор квалификациите за СП 2026 ќе ги почне со минус три бода и ќе плати парична казна од 100.000 швајцарски франци.

Од Чиле сигурно не се задоволни од оваа пресуда затоа што се надеваа на место на Мундијалот во Катар.

ПретходноКој рече дека нема што да понудат: НБА атракции во режија на кошаркарите на Ангели (ВИДЕО)
СледноБисерот на Рома ја одби можноста да игра на СП, чека повик од Италија!