Бисерот на Рома ја одби можноста да игра на СП, чека повик од Италија!

430

Кристијан Волпато, тинејџерот на Рома одлучи да го одбие повикот на селекторот на Австралија Грем Арнолд и со тоа ја одби можноста да настапи на Светското првенство во Катар. Волпато има 18 години и има блескава иднина во Рома. Игра во средниот ред но и како крило, а дебитираше за првиот тим минатата година.

Агент на Волпато е Франческо Тоти, а неговиот сон е да заигра за Италија. Досега тој има настапи за селекциите на Италија до 19 и 20 години, но тоа што е роден во Кампердаун во Австралија му ги отвара вратите за настап за Австралија на СП во Катар. Тој ќе почека на повик на Манчини за настап за Италија.

„До вчера го убедував да биде дел од тимот, три пати зборував со него. Тој ми рече дека ќе игра за Италија. Тоа е негова одлука и тоа е тоа“, изјави Арнолд.

 

ПретходноСпортскиот суд пресуди: Еквадор е виновен во случајот „Кастиљо“, изрече и казна
СледноЛегендарниот Двајт Хауард одлучи да игра во Тајван