Блатер: Катар го доби Мундијалот поради купените француски авиони вредни 15 милијарди евра

1044

Поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер излезе со интервју во швајцарските медиуми во кое детално ја објаснува ситуацијата околу тоа како Катар го доби претстојниот Мундијал и како тој наместо САД оваа мала но богата земја од Блискиот исток ќе ги нагости најдобрите фудбалери на денешницата.

„Катар е голема грешка. Оваа земја е мала и го нема капацитетот за Мундијалот. На место Катар домаќин требаше да биде САД, таков беше планот. Русија да биде во 2018, а САД во 2022 година. Двете земји кои се на спротивставени страни да се спојат на ваков начин и колку толку да се смират тензиите помеѓу нив. Сепак, тоа не се случи. Зошто? На една недела пред изборот се јави Мишел Платини, и ми рече дека тогашниот претседател на Франција, Саркози инсистира Катар да го добие Мундијалот, и да биде домаќин на истиот. Една недела подоцна, Катар купи борбени авиони од Франција вредни 15 милијарди евра. Ете тоа е вистината за Мундијалот во Катар“ – изјави Блатер.

 

ПретходноКузманов фаворит за клупата на Брегалница
СледноРистовска: Ќе се бориме како лавици против Романија!