Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри дека клубот нема да носи нови фудбалери во зимскиот преоден рок.
„Нема да потпишеме со никого во јануари. Задоволни сме од составот што го имаме сега. Тој ќе остане истиот“, кажа Гвардиола.
Тој додаде дека Ерлинг Халанд заздраве од повредата и ќе биде спремен за мечот со Челзи во 3. коло од Лига купот на Англија.
„Тој се уште не е целосно фит, но се подобрува. Ќе видиме дали ќе игра. Важно е коската да не е скршена“, изјави Гвардиола.