Бетис ќе поднесе жалба против спортскиот директор на Севиља, Мончи поради навредливо однесување. Претставниците на клубот тврдат дека Мончи на градското дерби меѓу Бетис и Севиља (1:1) си дозволил навфредливо да се однесува кон фудбалерите и навивачите на домашниот тим додека бил истрчан на теренот. Од Бетис тврдат дека Мончи се удрал во градите пред домашните навивачи, што предизвикало револт кој лесно можел да премине во навивачки нереди.
Шефот на службата за безбедност на Бетис го советувал функционерот да го напушти теренот, што и го направил. Однесувањето на Мончи беше критикувано од неколку членови на стручниот штаб на Бетис.
Според шпанските медиуми, Бетис повеќе нема да го кани Мончи во ложата на меѓусебните натпревари, а покрај тоа, клубот има намера да испрати жалба и до раководството на Ла Лига.