Иранец прослави гол со храбар потег, од Федерацијата најавија казна

772

Саид Пирамун е член на репрезентацијата на Иран во фудбал на песок, а постигна ефектен гол кој го прослави на необичен начин со искажување на солидарност со антирежимските протести во својата држава. Тимот на Иран го освои Емирејтс Интерконтинентал купот во фудбал на песок во Дубаи со победата од 2:1 над Бразил.

Пираму го постигна победничкиот гол, а потоа направи гест како ножички над главата за да ја истрижи косата, а потстижувањето стана симбол на поддршката на протестите предизвикани поради смртта на Махса Амини пред два месеци под сомнителни околности. Taa беше обвинета за кршење на правилата на облекување во Исламската Република Иран.

Нејзината смрт предизвика револт и гнев кај Иранците. Тоа прво беше искажано на социјалните мрежи, а потоа тоа го направија и бројни јавни личности на оваа држава. Репрезентацијата на Иран го доби победничкиот пехар, а екипата стоеше со скртени раце, без славење поради што државната телевизија морала да го прекине преносот.

Во јавноста Пирамон е пофален за храброст, но од ФС на Иран соопшти дека ќе му изречат казна за прекршување на дисциплината и гестот на мешање политика и спорт.

 

ПретходноДончиќ не застанува, нова партија за историја (ВИДЕО)
СледноМакедонија од денеска комплетна – се приклучуваат Ѓуроски и Симиќ!