На Втората кошаркарска лига кај нас дел гледаат потценувачки, бидејќи не е најсилна во Македонија, но после овие потези кај дел можеби ќе промени размислувањето.
На дуелот помеѓу Ангели и Црн Дрим навистина беше интересно, а за тоа се погрижи домаќинот. Љубиша Димитровски и Давид Трпески, изведоа вистински вистински НБА атракции. Овие двајца млади играчи од генерациите 2002 и 2003, кои оваа лето за жал беа изоставени од репрезентативниот дрес, имаат што да понудат, а во себе поседуваат голем талент.